Пеп Гвардиола и граѓаните продолжуваат со сигурна игра на сите фронтови. Манчестер сити со 2-0 славеше на гостувањето кај Питерборо и се пласираше помеѓу најдобрите осум во ФА Купот.
Фаворитот ги постигна двата гола во последната третина од натпреварот. Прво погоди Ријад Марез во 60.минута за 0-1, а конечниот резултат го постави Џек Грелиш само седум минути подоцна.