Аталанта одигра фуриозен и напаѓачки ефикасен натпревар, па ја совлада Салернитана дури со 8-2. Во првиот дел од натпреварот екипата од Бергамо постигна пет гола (5-1).
Жереми Бога во петтата минута ја најави голеадата, а Лукман во 20.минута зголеми на 2-0 од пенал. Скалвини, Компајнерс и Хојлунд погодија до крајот на првиот дел за Аталанта, а Диа во десеттата минута само за миг донесе израмнување за Салернитана.
Лукман, Едерсон и Зортеа беа стрелци за Аталанта во второто полувреме.