Баерн Минхен го декласира Унион Берлин на „Алијанц арена“ со 4-0. Баварците сега имаат седум бода предност во однос на Борусија Дортмунд на врвот на табелата, но и еден одигран натпревар повеќе.

Кингсли Коман го отвори резултатот, а Тангуј Куаси зголеми на 2-0 по само 25 минути игра.

Левандовски пред крајот на првиот дел постигна трет гол за Баерн, а во вториот дел  уште еднаш се запиша меѓу стрелците.