Фудбалерите на Кадиз обезбедија опстанок во Ла Лига, бидејќи на гости го победија Алавес со 1:0.
Со оваа победа Кадиз стигна до 39. бод оваа сезона, што е еден бод повеќе од Гранада која следната сезона ќе игра во втората лига.
Гранада одигра нерешено со Еспањол, без голови, а во истиот период се одигра и натпреварот помеѓу Осасуна и Мајорка, кој гостите од Мајорка го добија со 2:0. Гранада во 73 минута имаше одлична можност да поведе , но Молина не искористи пенал со кој веројатно ќе му обезбедеше опстанок на својот тим .
Иако пред натпреварот беше фаворит против последнопласираниот Алавес, Кадиз до решавачкиот и единствен гол на натпреварот стигна дури во 76. минута, кога Лозано на асистенција на Карселен го совлада голманот на домашниот тим.
Кадиз на тој начин избегна испаѓање од Примера во последното коло.
Тоа не му појде од рака на тимот на Гранада, кој имаше можност пред своите навивачи да обезбеди опстанок во елитата на шпанскиот фудбал. Натпреварот меѓу Гранада и Еспањол заврши со резултат 0:0.
Мајорка ја совлада Осасуна со 2-0 во Памплона, а двата гола беа постигнати во вториот дел.
Првиот е дело на Анхел, кој ја затресе мрежата на Осасуна во 47. минута, додека Грениер во 82. минута од натпреварот ги постави конечните 2-0.
Мајорка со оваа победа ја заврши сезоната на 16. позиција на табелата.
Ла Лига, 38 коло:
Сабота:
Валенсија – Селта 2:0 (1:0)
Гомес 28, Араухо 60г
недела:
Елче – Хетафе 3:1 (1:1)
Оласа 37, Перез 84, 90 + 2 – Унал 33
Алавес – Кадиз 0: 1 (0: 0)
Лозано 76′
Гранада – Еспањол 0:0
Осасуна – Мајорка 0: 2 (0: 0)
Ангел 47′, Грениер 83
22:00 Барселона – Виљареал
22:00 Сосиедад – Атлетико
22:00 Севиља – Билбао
петок:
Реал Мадрид – Бетис 0:0
Рајо Ваљекано – Леванте 2:4 (1:3)
Гарсија 18, Гвардиола 61п – Мелеро 26, 45 + 1, Марти 44, Коке 76