Роналд Куман веќе ја водеше Холандија, од февруари 2018 до август 2020 година.
Холандскиот фудбалски сојуз (КНВБ) соопшти дека Роналд Куман ќе ја преземе улогата на селектор на националниот тим по завршувањето на Светското првенство во Катар, кое е на програмата од 21 ноември до 18 декември.
Куман, кој ја водеше Холандија од февруари 2018 до август 2020 година, ќе го наследи Луис ван Гал, кој претходно оваа недела најави дека ќе се пензионира по Светското првенство и ќе се посвети на лекувањето на ракот на простата од кој боледува.
За време на првиот престој на клупата на репрезентацијата, Куман беше успешен и се пласираше на ЕП и стигна до финалето на Лигата на нации, но во август 2020 година реши да ја прифати „работата од соништата“, односно тренер на Барселона, клубот во кој ги помина најдобрите играчки денови.
Но, епизодата во Каталонија заврши неславно за холандскиот стручњак кој беше отпуштен во октомври минатата година поради низа лоши резултати.