Наполи ја пропушти можеби последната шанса за пласман во европските купови идната сезона.
На домашен терен, се уште актуелниот шампион на Италија одигра нерешено 2-2 со Фрозиноне и остана далеку од местата кои водат на меѓународнс сцена. Наполи два пати водеше на овој меч, а сепак не успеа да ги освои трите бода.
Политано го отвори резултатот во 16. минута, но само поради промашениот пенал на Суле, домаќините заминаа со предност на голем одмор. Кедира во 50. минута, сепак, израмни за потоа Осимен да го врати Наполи во водство. Повторно на сцена стапи Кедира со својот втор гол за реми на Фрозиноне во борбата за опстанок во Серија А.