Хофенхајм го победи Шалке со 0:3 на гости и го прекина постот од три натпревари без триумф во Бундес-лигата. По оваа победа Хофенхајм се искачи на третата позиција на табелата со 17 бода.
Роберт Сков во 11.минута од пенал погоди за водство на Хофенхајм, а Минас Дабур зголеми на 0-2 пред крајот на првиот дел.
Во второто полувреме Роберт Сков постигна уште еден погодок и го завери триумфот на гостите.