Фудбалерите на Ред Бул Лајпциг денеска ја совладаа Борусија М’гладбах во натпреварот од 15. коло на Бундес лигата со 4:1.
Лајпциг беше убедлив и доста самоуверено стигна до нова победа, но не се прослави напаѓачот на домаќините Андре Силва.
Португалскиот репрезентативец промаши празен гол при резултат 2:0. Поточно, ја погоди гредата и според многумина ова е промашување на деценијата, иако има голем број на навистина неверојатни промашувања .
Ниту коментаторот не можеше да биде поверува од „потегот“ на Силва, но треба да се каже дека малку му попречи и еден од дефанзивците на гостинската екипа.
Мислам дека ќе дадев гол да бев на негово место –имаше празен гол“, на шега прокоментира коментаторот на Спортклуб.