Нант запиша уште една сигурна победа на домашен терен и запиша бодови против Шамбери (38-29) во рамките на 13. коло од француското првенство.
Еден од кандидатите за највисок пласман продолжи да одржува чекор со лидерот ПСЖ. Со денешното славје тимот на Кирил Лазаров заостанува само три бода .
Клучната разлика домашните ракометари ја направија во завршницата. Првиот дел донесе минимална предност за Нант на паузата (18-17).
Потоа фаворитот ја оправда улогата со победничка серија со која ја потврди победата. Македонскиот ракометар го заврши мечот со четири гола, а најефикасен кај домашниот тим беше Ајмерик Мине со седум реализации.