Веселин Вујовиќ е новиот селектор на ракометната репрезентација на Иран, потврди тој за Спортклуб. Неговиот нов ангажман официјално започнува во април, а неговата мисија е во 2023 година во Полска и Шведска да ги однесе ракометарите на Иран на за нив само второто Светско првенство во нивната историја.
Да потсетиме, последниот ангажман на Вујовиќ беше во Вардар, со кој се раздели на крајот на минатата година. Иран ќе биде негова четврта репрезентација во селекторската кариера, откако претходно ги водеше Србија и Црна Гора, Македонија и Словенија.