Со победата над Лил (2:1) во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, Челзи успеа да се пласира во четвртфинале а тренерот на актуелниот европски првак можеше да биде задоволен. Сепак, тој беше бесен. Томас Тухел со својата 32. победа во ЛП го израмни рекордот на Јуп Хејнкес, како тренер со најмногу победи во првите 50 натпревари во историјата на најсилното клупско натпреварување, но по триумфот за аналите се судри со грдата реалност.
А таа е таква што и Челзи е под санкции откако нивниот сопственик Роман Абрамович се најде на листата на руски граѓани на кои им е замрзнат имотот. ЕУ и Велика Британија удрија по руските олигарси како дел од притисокот врз Владимир Путин поради агресијата и окупацијата на Украина, на што УЕФА го нападна и Челзи. Затоа Абрамович го продава клубот на кој УЕФА му брани продажба на билети за четвртфиналето на ЛП.
Запрашан од новинарите како Челзи ќе биде без публика во следната рунда, славеникот Тухел само рече: „Ви благодарам што ми ја уништивте вечерта“.