Бaрселона одлучи неделното Ел Класико (21 часот) да игра во жолто-црвени дресови. Станува збор за резервни дресови на Барселона во боите на каталонското знаме, па јасно е дека Каталонците сакаат дополнително да го испровоцираат Мадрид.

Добро информираниот новинар Жерар Ромеро објави дека претседателот на клубот Жоан Лапорта донел одлука натпреварот против Реал да го игра во овие дресови. Ова нема да биде првпат Барселона да игра против Реал Мадрид во дрес во чест на Каталонија, шпанската провинција која сака да се отцепи од Шпанија. Минатата сезона Барселона го одигра Ел Класико во дрес направен специјално за тој натпревар, секако со каталонски бои.

https://twitter.com/ReshadRahman_/status/1504230123540828169?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1504230123540828169%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fevo-u-kojim-dresovima-ce-barcelona-igrati-protiv-reala-to-je-zahtijevao-laporta%2F2348160.aspx

Реал, водечката екипа на шпанската Примера, во најголемиот натпревар во светот влегува со дури 15 бода повеќе од Барселона со натпревар повеќе од најлутиот ривал.