Најбогатиот тим во светот Њукасл игра солидно оваа сезона и се вклучи во трката за позициите кои водат во европските натпреварувања, а газдите на клубот веќе размислуваат за нови засилувања и нема да штедат пари.
Њукасл летово го купи шведскиот напаѓач Александер Исак за 70 милиони евра, а следниот трансфер ќе ги урне сите клупски рекорди бидејќи тимот планира да потроши над 100 милиони евра за Лаутаро Мартинез од Интер.
Мартинез би добил двојно поголема плата во премиерлигашот, односно ќе заработува 14 милиони евра годишно, а тоа звучи примамливо за напаѓачот кој во претходните години беше желба и на други гиганти.
За услугите на Мартинез се заинтересирани и Челси и Њукасл, но Аргентинецот во моментов е фокусиран само на Интер, иако тоа би можело да се промени следното лето.