Претходно, Жирона водеше со 3-1, но Алваро Мората со хет-трик му донесе израмнување на Атлетико по десетина минути игра во второто полувреме. Пет од седумте гола на мечот беа постигнати во првите 45 минути кои беа можеби најдобри оваа сезона во Ла Лига.
Уште во првата минута голема шанса за домашните не искористи Довбик, ама затоа неговата грешка ја поправи Валери и донесе предност за Џирона. Атлетико израмни во 14. минута кога погоди Мората, а се играше 26. минута кога домашните ја вратија предноста, Савио налета на една одбиена топка и го совлада Облак.
Гризман во 33. минута шутира прекрасно, Газанига одбрани, а пет минути подоцна на сцена стапи Облак кога му фати шут на Коуто. Во 39. минута, Блинд погоди за 3-1 за Џирона, а пред паузата Мората реализира за 3-2. Шпанецот погоди и за 3-3 во првиот дел, ама голот беше поништен со ВАР.
Хет-трикот Мората го комплетира во 54. минута по асистенција на Де Пол. а останатиот дел од мечот беше во знакот на Џирона. Домашните притискаа и креираа шанси, Облак ги чуваше „јорганџиите“, ама во самиот финиш, кога сите чекаа крај на дуелот, Мартин погоди за 4-3 и ерупција на стадионот од радост.
По 19 одиграни кола Џирона има 48 бода, исто колку и лидерот Реал Мадрид. Атлетико е трети со 38 бода. Во следната рунда Џирона гостува кај Алмерија, а Атлетико патува во Гранада.