Кошаркарите на Партизан се поразени од Цедевита Олимпија со 89:96 во 11. коло од АБА лигата.
Ова е само втор пораз на избраниците на Жељко Обрадовиќ по оној во „вечното“ дерби против Звезда.
Се играше рамноправно три и пол четвртини. Во втората четвртина Партизан се одвои на осум разлика, но тоа беше се што можеше да направи.
Противникот дотогаш не беше толку многу опасен, но во средината на четвртиот дел целата ситуација се сврти поради подобриот шут на гостите и поради лошата одбрана на црно-белите .
Јакоб Пулен и Јака Блажиќ без проблем погодуваа во веројатно најслабата партија на Партизан, кој беше ослабен со неиграњето на најдобриот играч Кевин Пантер.
Најефикасен во редовите на победничката екипа беше споменатиот двоец со по 19 поени. Блажиќ додаде и четири скока и асистенции. Ги следеше Јоги Ферел со 15 поени и шест асистенции. Поранешниот играч на Далас беше исклучен пред крајот на мечот бидејќи му беше досудена техничка грешка во првото полувреме, а потоа и неспортска грешка во вториот дел.
Кај Партизан најдобар беше Џем Мадар кој од публиката го следеше генералниот менаџер на Бостон Бред Стивенс. Израелецот го заврши мечот со 16 поени и четири асистенции, а поен повеќе имаше Зек Лидеј.
Алекса Аврамовиќ и Далас Мур мечот го завршија со по 15 поени.