Тренерот на Барселона, Чави Ернандез на денешната прес-конференција пред дуелот со Хетафе зборуваше за трансфер плановите на клубот ова лето.
Поради многуте шпекулации кои го поврзуваат Френки де Јонг со заминување од Каталонија, Чави го нарече Холанѓанецот еден од клучните играчи во тимот.
„Многу пати имам кажано дека Френки за нас е многу важен играч. Тој е клучен играч. Но, тука е и финансиската ситуација на клубот и мора да бидат донесени некои одлуки. Не зборувам за Френки туку генерално“, рече стратегот на Барселона, кој сепак остави трошка сомнеж дека Де Јонг би можел да си замине.
За фудбалерот од средниот ред има сериозен интерес од таборот на Манчестер јунајтед.