Кирил Лазаров вели дека имаме добри противници, и треба да бидеме задоволни од групата.
„Мораме да бидеме реални и да кажеме дека сме задоволни од ждрепката..иако со нашиот менталитет и карактерни особини секогаш мораме да бидеме внимателни. Сепак, треба да лажеме дека ќе имаме фаворитска улога за пласман на ЕП во оваа група.
Медитеранските игри ќе ни послужат да испробаме и видиме играчи што би конкурирале за стартот на квалификациите, а тие се во октомври годинава.
Нашата цел е да создадеме 20-25 квалитетни репрезентативци што би можеле да одговорат на обврските во кое било време и во која било ситуација“, изјави селекторот Лазаров.