Македонскиот селектор и нашиот најдобар ракометар на сите времиња освои уште еден трофеј, сега од Лига-купот на Франција. Во финалето, Нант беше сигурен против Шамбери со 28-21.

Ова е прв трофеј за Лазаров со Нант откако дојде во Нант во 2017 година.

Лазаров мечот го заврши со два гола од шест обиди, истите ги постигна во второто полувреме. Ривера со шест гола беше прв стрелец, Нилсен запиша 18 одбрани.