Манчестер Сити продолжува да реди победи во Премиер – лигата. Дополнително денот на Пеп Гвардиола и на неговите фудбалери им го разубави и новото реми на Челси. Лондонскиот тим одигра без голови на гости против Вулверхемптон и сега заостанува шест бода зад „граѓаните“.
Манчестер Сити немаше никакви проблеми проиив Њукасл и победи со 0-4. Рубен Дијас во петтата минута искористи една неверојатна грешка во одбраната на Њукасл и донесе водство, а Жоао Кансело во 27.минута зголеми на 0-2.
Ријад Махрез во 63.минута го постигна третиот гол, а Рахим Стерлинг ја затвори серијата голови.
На другиот натпревар кој започна во исто време,Челзи повторно не успеа да победи, овојпат ремизирајќи против Вулверхемптон без голови.