Екипите кои се борат за место во плеј-офот, екипите на Тиквеш и Пролет, одиграа тензичен натпревар во салата „Јасмин“ во Кавадарци без публика.
Дербито од средината на табелата од 16-тото коло во Суперлигата бешедраматичен и покрај комотното водство на Тиквеш на полувремето од 16:12 која беше и највисока разлика за домаќините.
Во второто полувреме Пролет заигра подобро и ја стопи предноста за при крајот на натпреварот да се игра гол за гол.
На единаесет секунди пред крајот, Пролет остана со играч помалку и имаше напад за победа не успеа да го реализира.
Најефикасен кај Тиквеш беше Темелковски со седум гола, пред Симиќ со шест погодока, додека кај Пролет најдобар и најрасположен за игра беше Давор Палевски со вкупно девет гола, пред Петковски со осум.