По вчерашниот убедлив пораз во Скопје од нашата ракометна репрезентација со 8 голови разлика, Романците веднаш си најдоа оправдување за пред медиумите.

Во изјавата на преставниците на Романската ракометна федерација, тие велат дека навивањето на навивачите во СЦ „Борис Трајковски“ не било демонстрација на фер-плеј.

„Во Македонија загубивме од многу борбен тим и публика, која за жал не беше фер-плеј. На 19 март во салата на Динамо можеме да им покажеме што значи да го поддржуваш омилениот тим без исвиркување. Со полна сала, романската репрезентација има повеќе шанси“, велат од Романската федерација.

Реваншот во Букурешт е на програмата утре од 17 часот.