Македонија одново се покажа како кобна за Романија, повторно во бараж меч за пласман за СП. На првата средба Романците беа поразени со убедливи 30-22. Овој пат, победникот не оди директно на Мундијалот, ќе треба да ја мине Чешка за да завери билет.

И во оваа пресметка на клупата на Романците е Чави Пасквал. Шпанскиот стратег и неговите момци беа целосно надиграни во последните 15. минути од мечот.

„Честитки на македонската репрезентација за победата. Во првите 45. минути игравме добро, но во последните 15 минути се распаднавме. Се виде дека ни недостига искуство на играње на вакви тешки натпревари, застанавме во финишот и тоа ни се одмазди. Македонија беше подобра од нас, но конечниот резултат не е реален. Не чека реваншот во Букурешт, мора да се поправиме“, рече Пасквал.

Реваншот меѓу Македонија и Романија е закажан за во сабота.