Монпелје е прв во групата А и затоа оправдани се зборовите на шпанскиот стратег кога вели дека играме против најтешкиот можен ривал во моментов. Монпелје има 16 о можни 20 бода и сигурно нема да ја испушти шансата да го сочува првото место, кое носи директно четврт-финале.
„Играме против Mонпелје во првиот натпревар од Лигата на шампионите и мислам дека тоа е најтешкиот противник во моментов затоа што се одлична екипа. Во француската лига можеби не изгледа така, до декември и не игра така добро, но затоа во ЛШ беа одлични. Сега се враќаат горе на табелата и во Франција. Мислам дека ќе биде многу тешко ем дома кајнив, ем натпревар после паузата, ама исто така ние мора да ја играме нашата игра. Одиме таму како и секогаш, да победиме“, вели Дејвис.
Откако тој го презеде клубот, Вардар загуби дома од Нексе, ја совлада Војводина на гости и славеше три убедиви победи во домашната Суперлига. Во ЛШ се наоѓа на седмото место, со пет бода, еден помалку од шестопласираниот Загреб.
„Важно ќе биде да видиме каде сме ние бидејќи игравме добро во домашното првенство, а во СЕХА игравме променливо. Монпелје е прв натпревар, важно ќе биде да видиме до каде сме, а потоа имаме само една цел, да се пласираме во првите шест на табелата“, додаде Дејвис.
Тој ја потврди информацијата дека Анте Гаџа е повреден и нема да патува со тимот, а негов заменик ќе биде или Стефан Крстевски и или Мартин Карапалевски.