Српските ракометари на ЕП патуваат без најдобриот играч.
Клубскиот колега на Дејан Манасков, Петар Ненадиќ нема да биде дел од тимот што ќе учествува на претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка.
„Поради повредата неизвесен беше статусот на Петар Ненадиќ и неговото приклучување на подготовките, а по дополнителните прегледи беше утврдено дека степенот на повредата за жал е таков што Ненадиќ нема да може да патува на Европското првенство. соопшти Српската ракометна федерација.