Францускиот ракометар Лука Карабатиќ ќе го пропушти претстојното Европско првенство.
Тој нема да му биде на располагање на тренерот Гијом Жил поради повреда на мускулот.
Помладиот од браќата Карабатиќ ќе биде само уште еден во низата француски играчи кои нема да играат на континенталното првенство.
„Триколорите“ имаат големи проблеми со повредите, но и со коронавирусот.
Франција, инаку, е во група со Србија, Хрватска и Украина.