Менаџерот на Саутемптон Ралф Хазенхутл е бесен поради одложувањето на натпреварот против Њукасл.
Ова е 18-ти натпревар од Премиер лигата кој е откажан во последните три недели.
Главните причини се поврзани со коронавирусот, но челниците на лигата меѓу факторите за откажување на натпреварите ги додадоа и повредите.
Премиерлигата го одобри барањето на Њукасл за одложување бидејќи клубот го нема потребниот број на играчи (13 играчи и еден голман).
Саутемптон се сомневаат дека тоа е вистина и веруваат дека Еди Хау можел да ги повика младите во првиот тим.