Џејмс Родригез, поранешен напаѓач на Реал Мадрид и Баерн, а денес ѕвезда на катарскиот Ал Рајан, неодамна се докажа со два гола и асистенција во победата на неговиот клуб од 3-0 против Ал-Вакрах.
Уште поважно, токму тој се истакна со потегот против истиот противник во натпреварот што беше прекинат една недела претходно, откако противничкиот играч Усман Кулибали доживеа срцев удар и колабираше на теренот.
Да потсетиме, репрезентативецот Мали и десниот бек Ал-Вакраха колабираа за време на првенствениот натпревар. На помош веднаш притрчале играчите на двата тима, а потоа лекарскиот тим стигнал до него и почнал со реанимација. Еден од поприсебните беше Родригез, кому Кулибали му се заблагодари за тоа преку Инстаграм.
https://twitter.com/reinofutbolero_/status/1479883579882709007?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1479883579882709007%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fbivsa-zvijezda-reala-i-bayerna-spasila-zivot-suparniku-on-mu-je-zahvalio%2F2332721.aspx
Кулибали се уште е во болница и е во стабилна состојба. Тој одговори преку Инстаграм од кој упати благодарност до сите вклучени во спасувањето на неговиот живот, а посебно го посочи колумбискиот репрезентативец кој прв помогна.
„На 9 јануари 2022 година доживеав срцев удар на теренот при крајот на првото полувреме. Многу луѓе ми помогнаа да се вратам во живот и јас, благодарение на Бога и овие херои бев спасен. Благодарение на Џејмс Родригез кој го направи првиот потег и правилно ја постави мојата глава, во вистинската позиција и благодарение на Сауд Ал-Катер кој брзо ги предупреди лекарите“, напиша Кулибали.
Прекинатиот натпревар се одигра ден подоцна.