Шпанија беше на работ на бездната, во еден момент при водството на Костарика против Германија беше и во аут од пласман во 1/8 финалето.
Ако работите се одвиваа како што треба четата на Луис Енрике во 1/8 финалето ќе играше со Хрватска а во 1/4 финалето со Бразил. Во овој момент тие ќе играат со Мароко, кој игра одлично на СП, но сепак Хрватска е поопасен ривал.
Сега Шпанците се оправдуваат, дека играле до максимум ангажирано, играле за да победат, но би требало јавно Енрике да и се заблагодари на Германија, која токму со тој пораз на Шпанија од Јапонија си замина од Катар.