Еден милиметар, можеби и помалку од тоа, пресуди за победата на Јапонија против Шпанија со 2-1, во мечот кој излезе џек-пот за „црвената фурија“, откако цела светска јавност остана зачудена како судиите не свирнаа гол-аут, а признаа гол на Танака во акцијата во 53-та минута од мечот за комплетниот пресврт на „самураите“.

Од различни агли, различен впечаток имаше акцијата во која Јапонија даде гол, а останаа прашањата дали е топката надвор или не, па излезе фотографијата која е официјална дека еден милиметар беше пресуден за да се признае голот.