Преговорите меѓу Алмерија и Леванте беа актуелните и пред настапот на Македонија во Лигата на нации, но истите беа „закочени“ од Барди затоа што сакаше да се фокусира само на натпреварите на македонската репрезентација.
Алмерија, наводно, се согласила да плати шест милиони евра за услугите на македонскиот фудбалер, кој најверојатно ќе потпише договор на една плус една година со новиот член на шпанската Ла Лига.
Барди игра за Леванте од 2017 година, при што настапи на 148 меча и постигна 23 голови, додека претходно го носеше дресот на Ујпешт.