Швајцарија се пласира во осминафинале на Светското првенство со победата од 3-2 против Србија, а Гранит Џака за малку ќе предизвикаше сериозен инцидент, во финишот на натпреварот.

Џака им го „покажа“ половиот орган на Србите, кои бесно скокнаа од клупата и дел од нив влегоа на теренот, настана хаотична ситуација, но селекторот Драган Стојковиќ-Пикси успеа да ги смири.