Германскиот репрезентативец Томас Милер после 122 меча за Германија (44 гола) најави фудбалска пензија од репрезентацијата, после новиот крах на „панцерите“ и втората последователна елиминација од Светското првенство уште во групната фаза.
Германија вечерва ја победи Костарика но победата беше пирова, бидејќи Јапонија славеше над Шпанија и ги елиминира, па Милер најави повлекување од националниот тим, што е негово второ, откако претходникот Јоаким Лев тргна да ја подмладува селекцијата, па после поразот од Македонија, реши повторно да го викне Милер за Евро 2020 ланското лето.
„Ако ова беше мојот последен меч, ми беше посебна чест и задоволство. Сѐ што направив – направив од срце и со љубов за овој дрес. Минав неверојатни моменти, на секој меч го оставав срцето на терен“, рече Милер.
Тој со Германија стана светски првак во 2014 година.