Репрезентацијата на Англија победи во осминафиналето на Светското првенство, а таму ја чека репрезентацијата на Сенегал.
Англиските медиуми пренесуваат дека англискиот репрезентативец Бен Вајт ненадејно го напуштил националниот камп и отпатувал дома. Овој играч досега се уште нема запишано ниту една минута на Мундијалот, а се чини дека нема ни да огигра .
Англиската ФА ја потврди оваа вест:
„Бен Вајт ја напушти англиската тренинг база во Ал Вакра и се врати дома во Англија. Причината е од приватна природа. Фудбалерот на Арсенал нема да се врати во Катар и нема да биде во составот до крајот на Светското првенство. Бараме во овој момент да се почитува приватноста на фудбалерите“.
Причината сè уште не е позната, но набрзо Арсенал ја објави поддршката за својот играч. Тие напишаа на Твитер:
„Сите сме со тебе, Бен“