Етиопјаните Бериху Арегави и Ејегајеху Таје ја завршија 2021 година со победа на трката во Барселона и ги соборија светските рекорди во крос на 5 километри.
Арегави (20) за малку ќе го собореше светскиот рекорд на Уганданецот Џошуа Чептеги минатиот месец во Лил, но овојпат беше успешен со време од 12 минути и 49 секунди.
Ејегајеху Таје победи со време од 14 минути и 19 секунди, речиси половина минута побрзо од светскиот рекорд.