Тој настапи во првата квалификациска група, во која го освои четвртото место со време од 47,07 секунди, што е полошо време од неговиот најдобар резултат за 26 стотинки. Воедно, денешната трка му беше за осум стотинки побавна од најдобото остварување во 2022 година.
Претходно, незабележителен настап имаше и пливачот Андреј Стојановски во квалификациите на 200 метри градно. Тој патеката ја исплива за 2:22,42 минути, што е нов младински рекорд на Македонија, но далеку од потребно време за место во финалето.