Многу познати спортисти имале исклучително тешки животни приказни, а онаа за Франк Рибери ќе насолзи многу …
Одличниот напаѓач никогаш не ги запознал своите биолошки родители, напиша британски „Сан“. Имено, тој бил оставен како бебе пред вратата на еден манастир во Франција.
Имал само две години кога доживеал страшна сообраќајна несреќа. Заработил лузна која му го одбележала целиот живот. Имаше дури 100 конци на лицето, раната беше морничава.
Беше отфрлен, исмејуван, понижуван… поради таа лузна, но таа го зајакна, му ја зголеми издржливоста.
„Тоа ми даде карактер и сила, бидејќи кога си дете и имаш таква лузна не е лесно. Начинот на кој те гледаат, коментарите… Страдав поради тоа… Луѓето велеа „погледни неговото лице, погледнете му ја главата. Грдо е, одвратно.“ Секаде каде што одев луѓето зјапаа во мене, но не затоа што сум добар фудбалер, туку поради лузната“, изјави тој во едно интервју.
Децата знаат да бидат многу сурови. Го викаа Квазимодо, Скарфејс, Франкенштајн… Се бранеше како знаеше, понекогаш со песни. Му било тешко, но смета дека тоа искуство го направило маж.
“Тешко ми беше. На училиште ме исмејуваа, зборуваа за мене… Но, иако ме задеваа, јас никогаш не се повлеков и не плачев. Никогаш, но страдав. Многу ми пречеше, но јас гневот го насочив да играм фудбал. Без тие лузни би бил нормално момче и поради нив сега имам извонреден карактер и волја. Кога ќе се сетам на се се гордеам со тоа низ што поминав. Не беше лесно, но затоа го сакам своето лице и мојот живот денес“.
Францускиот напаѓач направи фантастична кариера и покрај тешкото детство. Судбината сакаше да помине низ многу трнлив пат до врвот. Растејќи често правел проблеми, но се се променило кога ја запознал сопругата Вахиба Белхами, поради што ја сменил верата и преминал во ислам.
„Ја запознав кога имав 16 години, живеевме на иста улица. Се заљубив на прв поглед.
Вахиба е со алжирско потекло, Френк поради неа преминал во ислам и го зел муслиманското име Билал Јусуф Мохамед.
По лошата епизода во фудбалската школа на Лил, Рибери се мачеше во третолигашот Алес. Среќата подоцна ја најде во Брест. Доаѓањето во тој клуб беше првиот чекор во неговиот неверојатен подем – Мец, Галатасарај, Марсеј, па Баерн.
“2010 беше страшна година за мене. Нема ни да ги спомнам повредите со кои се соочив. И во приватниот и во фудбалскиот живот залутав. Се изгубив и повредив блиски луѓе. Многумина разочарав, дури и шокирав и сакам да се извинам за тоа“, изјави Рибери.
Поради повредата го пропушти Светското првенство во Бразил во 2014 година и потоа се прости од репрезентацијата.
Фудбалската кариера ја започнал во градскиот клуб ФК Булоњ, од каде што неговиот пат го водел до Олимпик Алеа, Стад Брестоа 29 и во ФК Мец во неколку сезони. Во јануари 2005 година потпиша договор со турски Галатасарај. Со тој клуб го освои Купот на Турција и веднаш потоа го напушти клубот и заврши Олимпик Марсеј, неговиот шести клуб во кариерата.
Во јули 2007 година, тој премина од Марсеј, Франција, во Баерн за 25.000.000 евра. Со Баерн освои се што може да се освои: девет пати германски првак, пет пати победник на Купот, четири Суперкупа, еднаш освои Лига на шампиони, УЕФА Суперкуп и Светско клупско првенство.
Во изборот на магазинот Франс Фудбал е прогласен за најдобар фудбалер во Франција во 2013 година.