Кадетската репрезентација на Македонија денес го започнува настапот на Светското ракометно првенство кое се одржува во Хрватска. Македонија е во групата “Ф“ која се игра во салата “Замет“ во Ријека заедно со репрезентациите на Норвешка, Црна Гора и Грузија, а првите две места обезбедуваат пласман во главната фаза. Почнуваме со Норвешка на 2 август, потоа со Црногорците на 4 август и наредниот ден со Грузија.
Светското првенство го започнуваме со дуел против најголемиот фаворит во нашата група, репрезентацијата на Норвешка, која загуби на сите подготвителни натпревари.
Сепак, шансата за пласман во следната фаза ќе ја бараме на дуелите против Црна Гора и Грузија, со оглед на тоа дека најдобрите селекции од секоја група обезбедуваат пласман во главната рунда, додека останатите ќе разигруваат во Президент купот.