По победата над Реал Мадрид, молдавскиот шампион стана глобална сензација.
Цел свет се обидува да навлезе во тајната на успехот на Шериф, но ситуацијата во Тираспол е мирна. Дури би рекле и неприродно смирено со оглед на тоа што молдавскиот тим славеше против Реал Мадрид и стигна до шест бода во Лигата на шампионите.
За тоа како биле пречекани во Молдавија зборува нашиот репрезентативец Бобан Николов.
“Пристигнавме во Молдавија ноќта помеѓу вторник и среда. Но, беше прилично мирно и тивко. Можеби не ми верувате, но не пречека само една телевизиска камера. Секако, овој мир што го имаме може да биде предност во некои ситуации. Нема голем притисок од навивачите “.
“Без лажна скромност, ова е најголемото изненадување во историјата на Лигата на шампионите. Имав среќа да стапнам на тревата на Сантијаго Бернабеу во финишот. Како дете навивав за Реал Мадрид, почнав да играм фудбал поради генерацијата на Зидан и другите Галактикоси. Плачев кога губеа. “Кога играш ваков натпревар, знаеш дека си успеал во фудбалот” – изјави Николов.