После ремито 2-2 во „дербито за титула“ пред една недела, Садио Мане со два гола и еден на Ибрахима Конате, негов трет во последниве десет дена (даде два со Бенфика во двомечот во ЛШ за полуфинале), Ливерпул уште на полувреме направи огромна предност која за „граѓаните“ скоро да беше недостижна, а тие имаа задоцнет финиш, иако брзо дадоа гол за да се вратат во мечот.
После две минути во вториот дел, најскапото засилување во Премиерлигата, Џек Грилиш погоди за Сити, но сѐ до судиското надополнување, „граѓаните“ не успеваа да стигнат до втор гол за комплетно да се вратат во мечот, па дури Бернардо Силва во првата од шесте судиски минути надополнување ја направи возбудлива завршницата, но „граѓаните“ немаа сила за да се изборат за продолженија.
„Црвените“ сега за противник во финалето ќе го чекаат утрешниот победник од второто полуфинале помеѓу Челси и Кристал Палас.