Лондонски Арсенал, како и својот најлут ривал Тотенхем направи голем кикс попладнево на гостувањето кај Саутемптон со 0-1, па Кристијано Роналдо со хет-трик за победа на Манчестер јунајтед (3-2) со Норич, ги врати „црвените ѓаволи“ во тесната битка за место во Лигата на шампионите.
Роналдо блесна против фенерџијата Норич и запиша нов рекорд со трите гола, два во првиот дел за пола час, во седмата и 32-та, а потоа за конечниот за триумф во 76-та и стигна до 16-та сезона во низа во која има најмалку 20 постигнати голови, што е неверојатно достигнување.
Јунајтед со победата, а пред сѐ со поразот на Тотенхем од Брајтон и на Арсенал во Саутемптон, двата со 0-1, сега дојде до 54 бода, исто колку „топчиите“, но со меч помалку од нив, а Тотенхем бега три бода како четвртопласиран на шест кола до крајот, што е најава за пеколна борба за местото кое следната сезона ќе води во европската елита.
Брентфорд со 2-1 славеше кај Вотфорд .