Лидерот на табелата во ВФМЛ-Запад, екипата на Силекс, немаше големи проблеми на денешниот натпревар пред своите гледачи против Кадино (5-0). Кратовчани чекорат кон кам-бек во елитата, а бодовите на оваа средба ги најавија Тони Мичковски и Мартин Димоски со два гола во првиот дел. Подобрата игра домашниот тим ја круниса со нови погодоци во продолжението, во режија на Андреј Петкоски и Кристијан Додевски со две реализации.
Идентично убедлив беше Вардар на свој терен против Тетекс (4-0). Гостите умешно се бранеа, но попуштија во завршницата од првиот дел. Мишковски отвори, а потоа погоди и Ерен Парталко. За да нема никаква дилема во остатокот од натпреварот се погрижи Филип Петковски, кој двапати се запиша во листата на стрелци.
Гостивар одигра за вардарци и му откина два бода на Воска Спорт (0-0). Охриѓани и натаму се сигурни на втората позиција, со шест бода повеќе од екипата на Вардар.
Кораб ја надигра Велешта(3-1) во директниот дуел во долниот дел на табелата. Фатјон Леши реализира пенал за почетна предност, а потоа погодија уште Бљерон Муча и Ујкан Муча. Кога прашањето на победникот беше одлучено, утеха за гостите донесе Диели Каба. На последниот денешен меч Беса 1976 запиша минималец со голот на Малиќ Белули против екипата на Охрид Лихнидос (1-0).