Македонја поведе уште во четвртата минута со евроголот на најдобрата наша фудбалерка Наташа Андонова од 17 метри, но Албанките во 37-та од пенал израмнија, а потоа во 90-та и 90+4-та минута стигнаа до победа со 3-1.
Женската репрезентација во февруари во Анталија каде од три меча само еднаш одигра нерешено со Естонија (1-1), загуби после 90-та минута од Замбија (0-1), а три минути пред крајот со примен гол и од Бугарија (1-2).
Фудбалерките после овој дуел одат за Подгорица каде за три дена ги чека вториот тест против Црногорките.
Последна победа на македонската женска репрезентација е септемврискиот триумф во квалификациите против Летонија, една од трите во серијата со два триумфи во јуни лани против Косово.