Ромелу Лукаку имаше неверојатно промашување на празен гол од два метри против Фиорентина, а белгискиот ѕвер повторно се посрамоти денеска против Салернитана. Белгиецот сега со глава од иста дистанца ја погоди само пречката.
Напаѓачот на Интер кој до пред година и пол немилосрдно ги тресеше противничките мрежи и беше незадржлив, сезонава има неверојатни утки.