Арсенал славеше со 5-1 против Сандерленд во четвртфиналето во Лига Купот на Англија.

Херој на „топчиите“ беше младиот Един Енкетиа, кој постигна хет-трик. Во листата на стрелци се запишаа и Никола Пепе, како и младиот Чарли Патино, кој погоди на своето деби во дресот на Арсенал откако влезе во игра во финишот од средбата.