Димитриевски не успеа само Алваро Мората да го спречи да му даде гол од непосредна близина и тоа само поради грешката на дефанзивците, па потоа собра три одбрани од кои две чисти на Матеус Куња и се изгледаше дека Атлетико ја има победата во раце кога Ентека во последната минута од регуларниот дел изнуди пенал, а Фалкао го реализираше.
Мадридскиот гигант скапо го плати настапот со половина сили особено откако поведоа во првата половина од првиот дел, па како бумеранг им се одби сето тоа, посебно во вториот дел во кој Рајо неколкупати опасно се закани и на крај херојски извади бод.
За Атлетико ова е второ реми сезонава и сега има 20 бода на третото место во Ла Лига, додека Рајо со третото сезонско реми дојде до 12 бода на десетата позиција во Ла Лига.