Јувентус конечно почна да фаќа победнички ритам и го запиша петтиот триумф по ред во Серија А, откако вечерва беше подобар од Верона со 1-0.

Верона го измачи поранешниот шампион на Италија, кој единствениот гол за победа го постигна во 61. минута преку Моис Кин кој со малку среќа ја затресе мрежата на домаќините.

Јувентус се искачи на третата позиција во калчолигата и има 28 бодови, односно два помалку од Милан и 10 помалку од лидерот Наполи.