Каталонскиот гигант Барселона пред неколку дена остана без Жерар Пике кој соопшти дека оди во пензија, а тренерот Чави Ернандез веднаш најде замена за него во актуелниот англиски првак, Манчестер сити.
Чави е заинтересиран за услугите на Ејмерик Лапорт, кој добива помала минутажа од неговите колеги Нејтан Аке, Рубен Диас, Аканџи и Џон Стонс.
Барселона сака да ја искористи ситуацијата во тимот од „Итихад“ и да му понуди место во првиот тим на Лапорт, а тоа би било тешко да се одбие затоа што ќе го засили лидерот во Ла Лига.
Тренерот на Барселона ќе се обиде да го реализира трансферот што е можно побрзо, па се очекува Лапорт да пристигне во јануари.