Екипата на Нотингем Форест не издржа до крај ида освои златен бод: Нуњез во 99. минута го расплака Нотингем а го израдува Ливерпул.

Лидерот во првенството имаше проблеми против незгодниот Нотингем Форест, кој одлично се бранеше во текот на целиот натпревар, а херој на „црвените“ стана Нуњез кој влезе во игра во 60. минута.

Нуњез со глава во 99. минута ја искористи асистенцијата од Мекалистер и погоди за триумф од 1-0 на тешкото гостување.

Црвените“ остануваат лидери на табелата со 63 бода и четири повеќе од Манчестер Сити, кој има и натпревар помалку.