Екипата на РБ Лајпциг убедливо со 4-1 славеше на гостувањето кај Бохум. Нашиот Елиф Елмас во игра влезе во 65. минута кога резултатот беше нерешен.

Бохум одлично го започна натпреварот, со гол на Витек уште во седмата минута, но Дани Олмо во 30. минута изедначи на 1-1.

Лајпциг во 65. минута направи тројна измена, а меѓу оние кои влегоа беше и Елиф Елмас.

Работите веднаш се променија и следуваа три голови на Лајпциг, погодија Опенда и Поулсен, а автогол си даде Орбетс за победа од 4-1.

Елиф режираше двојно додавање со Симонс и го стави соиграчот во одлична ситуација, а овој додаде до Поулсен кој ги постави конечните 1:4.

Акцијата погледнете ја ТУКА 

Гостинска победа забележа и Борусија Дортмунд која со голови на Адејеми и Матсен со 2-0 славеше кај Унион Берлин.

Најубедлив беше Аугсбург кој со 6-0 беше подобар на гостувањето кај Дармштад, гостински триумф забележа и Ајнтрахт кај Хајденхајм со 2-1.

Единствен непоразен домаќин во Бундеслигата денеска беше Мајнц кој одигра 1-1 со Борусија Менхенгладбах.

 

РБ Лајпциг останува на петтото место во Будеслигата и сега има 43 бода, а во следното коло ќе биде голем фаворит на домашен терен против екипата на Дармштадт.