Фудбалерите на Камерун први обезбедија пласман во осминафиналето на овогодинешниот Aфрикански куп на нации на кој воедно се и домаќини. Тие во второто коло од групата А во Јаунде ја совладаа Етиопија со 4-1 (1-1). По два одиграни натпревари, Камерун е на врвот во групата со шест бодови, додека Етиопија и понатаму е без бодови по два настапи.
Етиопија поведе со голот на Хотесе во 4. минута, но Токо Екамби само четири минути подоцна израмни на 1:1. До крајот на првото полувреме резултатот не се менуваше и покрај бројните прилики на двете страни, а на почетокот на мечот Абубакар со два брзи гола во 53. и 55. минута го донесе Камерун на 3:1, а конечниот резултат со неговиот втор гол го постави Токо Екамби во 67 минута.
Во вториот натпревар од 2.коло од оваа група од 20 часот играат Зеленортските Острови и Буркина Фасо. Во пресрет на тој меч, Зеленортските Острови имаат три бода, додека Буркина Фасо нема бодови. Доколку ја освои групата, Камерун ќе игра против третопласираната селекција од групата Ц, Д или Е.